(Фото) Тина Тарнер тужи 50 години помлада колешка затоа што многу личела на неа

Пејачката Тина Тарнер подигнала тужба против 50 години помлада колешка затоа што премногу личела на неа. 81-годишната пејачка ја тужи Доротеа Флечер, која има 30 години и која настапува во шоу со име Simply The Best, наречено по популарната песна на музичката дива.

Адвокатите на Тина Тарнер во тужбата навеле дека на промотивните материјали на шоуто на Доротеа таа премногу личела на нивната клиентка и дека обожавателите можеле да се збунат.

„Како да се двојнички. Оваа девојка навистина се потрудила да личи на Тина. Нема ништо авентично кај неа, една е Тина“, биле само некои од коментарите на фановите.

Германската музичка сцена во моментот чека во чија корист ќе пресуди судот. Пресудата би можела да ја промени целата сцена која се занимава со обработка на познати музичари.

Тина Тарнер, всушност, ја тужи фирмата Cofo Entertainment, која стои зад Доротеа, а ги претставува и бендовите што се занимаваат со преработка на песните на Елвис Присли, „Битлси“ и Френк Синатра. Тина првата тужба ја подигнала минатата година кога биле објавени постери на кои Доротеа личи на пејачката, а тужбата ја добила пред германскиот суд.

Потоа промотивните материјали биле променети, а судот пресудил дека на пејачката не може да ѝ се одземе правото на нејзиниот уметнички израз, особено што станува збор за прерботки на Тина Тарнер.

„Тина Тарнер би сакала да одлучи за тоа дали може нејзиниот лик и дело да се користи во промотивни цели“, рече на судот минатата недела нејзиниот адвокат, кој тужбата ја проследи на високиот суд.

„Само глупава личност може да заклучи дека се работи за вистинската Тина Тарнер“, рекоа адвокатите што ја бранат Доротеа. Пресудата во овој случај се очекува да се случи во февруари в година.

 

 

Scroll to Top