(Фото) Том Круз си го уништи лицето со ботокс

Лицето на глумецот Том Круз е уништено од ботокс, пишуваат светските медиуми. Круз неодамна се појави на доделувањето на The Fashion Awards во Лондон. Медиумите пишуваат дека на фотографиите се гледа дека глумецот претерал со интервенциите на лицето за да изгледа помладо.

„Човекот кој некогаш важеше за магнет за девојките, сега изгледа непрепознатливо“, „Круз ја има  затегнато кожата до непрепознатливост“, биле некои од коментарите на фановите.

Медиумите пишуваа дека Круз планира да ја напушти Сеинтолошката црква за да биде со неговата ќерка Сури за Божиќ. Од неодамна во јавноста се појавија шпекулации дека Сентолошката црква, сакајќи да го подобри својот имиџ во јавноста, самата му предложила да ја обнови врската со ќерка му, иако досега го спречуваше во тоа.

 

 

Scroll to Top