Една од најголемите аренби ѕвезди од 90-тите сподели фотографија на која е во бикини за нејзините 3,3 милиони следачи на Инстаграм.
52-годишната аренби легенда, позната по култната Un-break My Heart, направи селфи во огледало. Таа им пркоси на годините со својата младешки изглед и атлетска фигура.
Иако изгледа подготвена за на плажа, Тони се реши за безбедната и одговорна опција придржувајќи се кон препораките за социјално дистанцирање за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Под фотографијата напиша „Плажите се отворени и јас сум подготвена, но премногу сум исплашена да одам. Сè уште има КОВИД-19. Останете безбедни!“
На почетокот на овој месец, Тони се појави со новиот сингл Do It, со текст што ги повикува слушателите да прекинат безплодна врска.
Објавувањето се совпадна со најавата за нејзиното преселување во дискографската куќа „Ајланд рекордс“, за која снимаат многу современи sвезди, меѓу кои Ариана Гранде, Џастин Бибер и Дрејк, и класични музичари како Елтон Џон, Боб Марли и „Квин“