(Фото) Твитерџиите ја критикуваа Меланија поради цветниот фустан

Првата дама на САД, Меланија Трамп, доби голем број критики поради изборот на нејзиниот фустан за празникот посветен на Џорџ Вашингтон, првиот претседател на САД.

Меланија за оваа пригода се одлучила за цветен фустан од брендот на креаторката Габриела Херст. Твитерџиите фустанот го опишаа неверојатно одвратен и го споредуваа со боја на мебел.

„Дали Меланија барала креаторката  да ѝ сошие фустан од завеса од 1977 година?“, „Невидено лош фустан“, „Меланија, зошто не си клекнала покрај децата. Подобро ќе било да ти го извалкаат фустанот“, биле само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Имало и такви кои застанале во одбрана на Меланија и нејзиниот избор на фустан.

 

„Убава жена и убав фустан. Меланија баш има стил“, „Воодушевена сум од фустанот. Пред да почнете да критикувате, покажете колку вие имате стил“, „Меланија е пример за мода“, напишале поддржувачите на сопругата на Доналд Трамп.

Scroll to Top