Акетрката Ума Турман ја пронајде љубовта за време на самоизилацијата. Според „Пејџ сикс“, актерката (50) почнала врска со архитектот Питер Сабет, чија фирма е со седиште во Бриџхемптон.
Ѕвездата на блокбастерот „Убиј го Бил“ (Kill Bill), како што наведува порталот, се запознала со Сабет на плажа во Сег Харбор.
„Питер не знаеше дека е Ума кога првпат ѝ се обрати. Таа шеташе на плажата и ја замоли да го надгледува неговото куче додека плива“, тврди извор за порталот.
„Ума се согласи, внимаваше на неговото куче додека тој пливаше, а сега, неколку месеци подоцна, тие се лудо вљубени и бараат да купат куќа заедно во Хемптонс“, додаде изворот.