Сопругата на аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди, атрактивната Ванда Икарди, освен што успешно ја менаџира кариерата на Мауро, е и познат светски инфлуенсер.
Ванда повторно објави разголена фотографија, на која е само по спортски градник, но овој пат испрати и порака до фановите.
„Останете дома“, напиша Икарди и на необичен начин ги повика своите следбеници, на придржување кон заштитните мерки против коронавирусот.
За италијанските медиуми, Ванда имаше изјавено дека за неа голотијата е начин на кој може да заработи и надвор од менаџерската кариера.
За потсетување, таа уште пред бракот со Мауро беше позната фудбалска менаџерка, која во моментот е ангажирана за кариерата на својот сопруг, кој игра во францускиот клуб ПСЖ.
View this post on Instagram