(Фото/Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно по 12 години: Луѓето воодушевени нејзиното лице

Турските актери Халит Ергенч и Мерјем Узерли постигнаа голема популарност со своите главни улоги во серијата „Сулејман Величествениот“, а многу луѓе во тие години сакаа да ги видат заедно во реалниот живот.

Сепак, Халит ја пронајде среќата со друга колешка, Бергузар Корел, со која глумеше во серијата „1001 ноќ“, меѓутоа, неговата актерска врска со Хурем опстојува до ден-денес, барем во срцата на публиката. Токму поради оваа причина, двајцата се ангажирани во филмот „Пролет на Имроз“, во режија на Озџан Алпер.

Ова ќе биде и нивниот прв заеднички проект по „Сулејман“ и 12-те години што поминаа од тогаш, а првпат ја воодушевија публиката со своето појавување во Саудиска Арабија, на церемонија на доделување награди. Убавата Хурем блескаше во елегантен фустан украсен со големи кристали, додека Халит беше во класично одело и бела кошула.

Иако нивната средба беше на почетокот на годината, тие оставија силен впечаток кај сите обожаватели, а уште позадоволна беше веста дека ништо не се променило и дека сите ќе ги видат повторно, овој пат, на големото платно.

Според социјалните мрежи, снимањето на филмот треба да започне наскоро, а фотографија со нивните лица во преден план наскоро ги преплави сите.

„Не остареле ни минута, едвај чекаме повторно да ги видиме заедно“, „Какво лице има оваа жена, совршена е“, беа највпечатливите коментари.

Scroll to Top