(Фото/Видео) И во индиско сари – градите во преден план: Џеј Ло главна ѕвезда на свадбата на милионери

Раскошната свадба на индиската наследничка Нетра Мантена и технолошкиот претприемач Вамси Гадирај во Удајпур, Индија, го привлече вниманието на светот, а социјалните мрежи беа преплавени со снимки од свадбата, на која се појави и Џенифер Лопез.

Церемонијата, одржана во близина на хотелот „Таџ Лејк Палас“, претставен во филмот за Џејмс Бонд, наводно чинела околу 6,7 милиони долари. Нетра е ќерка на милијардерот Рама Раџу Мантена, извршен директор на „Инџенус Фармацевтикалс“.

Пејачката и актерка Џенифер Лопез настапи за време на церемонијата, изведувајќи ги своите хитови во неколку различни костими, а пред да настапи, позираше за фотографии со младенците во традиционално сари и смарагден накит.

Иако Џеј Ло доби симпатии во сари, таа набрзо се врати на својот препознатлив изглед, разгорувајќи ја атмосферата во еден од костимите што секогаш се провокативни кога позната ѕвезда ќе излезе на сцената.

Латино дивата ги воодушеви сите во комбинезон во боја на кожа со светки, а кога излезе на сцената, сè друго како да стана помалку важно.

Можеби нејзиното доаѓање на оваа луксузна церемонија дури ги засени и самите младенци, кои беа критикувани од индиските медиуми за трошење пари.

фото: принтскрин

Scroll to Top