(Фото) Викторија објави фотографија од речиси голиот Дејвид Бекам, коментарите се нижат

Не е тајна дека Викторија Бекам обожава да го покажува својот сопруг на социјалните мрежи, но се чини дека нејзината најнова објава предизвика доста возбуда кај понежниот пол.

Семејството Бекам веќе некое време ја интригира јавноста, сето тоа поради раздорот што се случи меѓу неговите членови.

Ако судиме според извештаите на странските медиуми, Викторија Бекам и Дејвид Бекам се главните виновници за фактот дека „војната“ сè уште трае.

Од едната страна ги имате Бруклин и неговата сопруга Никола Пелц, а од другата Дејвид и Викторија Бекам – а тензиите само растат…

Сепак, се чини дека на двојката и е потребен одмор од семејната драма, а неодамна објавија фотографии од луксузна јахта.

Имено, Викторија објави фотографии од семејната идила на својот официјален профил на Инстаграм, и се чини дека ова лето беше за паметење.

Фотографијата на Дејвид Бекам во костими за капење привлече најголемо внимание од јавноста. Дури и на 51 година, поранешниот фудбалер изгледа совршено, а неговата форма беше добра причина за дискусија, како и позитивни реакции од фановите.

„Дејвид, толку си згоден“, „Вау, прекрасна фотографија“, „Дејвид, стави крема за сончање“, „Каква кралица, секогаш нè почастува со фотографии од својот секси сопруг“, се само дел од коментарите за миленикот на Викторија.

фото: принтскрин

Scroll to Top