(Фото) Вил Смит загрижен за синот – „Џејдан премногу ослабе и кожата му е сива“

Синот на актерот Вил Смит, Џејдан отворено призна дека има сериозни проблеми со здравјето и губењето килограми поради начинот на неговата исхрана.

Тој во семејната шоу програма Red Table Talk, заедно со родителите, отворено зборуваше за начинот на исхрана низ годините кои преминал само на вегетаријанска храна и изгубените голем број килограми.

Вил и Џејда Пинкет Смит признаа дека се загрижени за здравјето на Џејдан и дека ќе направат се што е во нивна моќ да му помогнат.

„Вил и јас свативме дека нашиот син не конзумира доволно протеини. Полека слабее. Изгледа исцедено. Едноставно не зима доволно хранливи состојки“, изјавила Џејда.

Вил објаснил дека неговиот син добил темни подочњаци, а на некои места на кожата му се појавиле бледи сиви дамки.

„Бев вегетаријанец неколку години. Се обидов да јадам само вегански оброци. Но, сè што велат моите родители се во право. Имам здравствени проблеми и ќе се обидам на секој начин да ги решам“, признал Џејдан.

Голем број експерти сметаат дека да се биде веган е многу поздраво од јадењето месо, со високо ниво на антиоксиданти, но само ако пристапот на овој начин на исхрана се практикува на правилен начин. Оние кои се вегани значително го намалуваат ризикот од заболување од рак и други болести, пишува списанието Men’s health.

 

Scroll to Top