(Фото) Вилијам и Кејт заминаа на турнеја на Карибите, оттаму ја дадоа поддршката за Украина

Британскиот принц Вилијам со со сопругата Кејт Мидлтон замина на турнеја на Карибите. Оттаму тие им оддадоа почест на Украинците ѝ им ветија солидарност. Тие го посетија воениот британски камп за обука во џуглата Белизе.

Вилијам е поранешен британски пилот на Кралското воено воздухопловство и тој зборуваше за зачувување на демократијата и рече дека Белизе им се придржу на голем број други нации кои ја осудија руската инвазија врз Украина.

„Денес мислиме на оние кои се борат во Украина и сме солидарни со нив“, рече Вилијам за време на свечената вечера со премиерот на Белизе на подрачјето на археолошкиот резерват Чахал Печ.

Посетата на војвотката и војвотката од Кембриџ во оваа средноамериканска земја се поклопува со прославата на 70 години како кралицата Елизабета седи на британскиот престол. Доаѓа и во време на растечкото преиспитување на колонијалната врска на Британското царство со овој регион.

Посетата го потсети Вилијам и на неговото патување на Белизе пред повеќе од две децении кога тој имаше само 18 години. Претходно тие ги посетија рушевениците од древните Маи во Каркола, во средиштето на Белизе, искачувајќи се на пирамидите и истражувајќи го огромното археолошко наоѓалиште во шумскиот резерват Чиквибул.

Нивната посета доаѓа четири месеци откако Барбадос изгласа да стане република, прекинувајќи ги врските со британската монархија, но остана дел од Комонвелтот.

Вилијам и Кејт треба да си заминат од Белизе во вторник, од каде ќе одат за Јамајка и Бахамите. Дебатите за злоупотребите од колонијалната доба и плановите за барање на оштета за ропството на Јамајка може да ги поттикне поголем број на земји да го следат потегот на Барбадос.

 

Scroll to Top