(Фото) Во костум со пенис, Кристина Агилера пееше на Парадата на гордоста во Лос Анџелес

Пејачката Кристина Агилера настапи на Парадата на гордоста во Лос Анџелес облечена во зелен костим на кој имаше закачено машки полов орган. Агилера и неколку други јавни личности важат за големи геј икони и настапот на Парада на гордоста за нив секогаш е специјален со најразлични кореографии и костими.

Кристина носеше и лажни мускулести раце, па изгледаше како Хулк. Ова беше само еден од костимите кои пејачката ги носеше на сцената, таа се појави во неколку костими, се облече и во боите на виножитото.

„Ви благодарам многу што ве имам вечерва. Многу сум почестена и благодарна. И ви благодарам за вашата љубов и поддршка во последните 20 години. Вие сте моето семејство. Многу сум среќна што секогаш давам глас или се обидувам да му дадам глас на секој што се чувствува како да е потиснат или отфрлен. Тоа е она што отсекогаш сум се обидувала да го направам со мојата музика. Многу сум горда што ве нарекувам мое семејство“, рече пејачката.

https://www.youtube.com/watch?v=POn727oPo2M

Scroll to Top