Ѕвездата од „Спајдермен“ и серијата „Еуфорија“, Зендаја пред неколку дена доби восочна фигура во лондонскиот музeј Madame Tussauds, но фановите и рекоа дека повеќе личи на Кајли Џенер отколку на неа.
Фигурата има розево оддело, коса врзана во пунџа и пополнети усни. Од Музејот се пофалија, но се изненадија кога наидоа на голем број критики.
„Извинете, но ова не изгледа како Зендаја. Нејзините усни не се такви. Поради нив изгледа како Кајли Џенер. Вистинската Зендаја никогаш не би направила таков израз на лицето“, рекоа фановите.
View this post on Instagram
Директорот на музејот Тим Вотерс објани зошто глумицата добила фигура во музејот.
„Таа го користи својот статус на славна личност за да се вклучи во разговорите за важни општествени теми. Таа е своја и ние го сакаме тоа кај неа. Со оглед на тоа дека кружат гласини дека Зендаја наскоро ќе стане жителка на Лондон, ништо не е подобро од тоа да ѝ се оддаде почест во музејот“, рече Вотерс.
За потсетување, Зендаја неодамна се пресели во Лондон со своето момче Том Халанд, кој го глуми суперхеројот Спајдермен.