Фотографија од Лионел Меси и Кристијано Роналдо во зрели години објави турски фотограф

Фотографии од најдобрите светски фудбалери Лионел Меси и Кристијано Роналдо во зрели години објави турскиот фотограф Алпер Јесилтас. Тој со помош на најразлични интернет алатки ги променил ликовите на фудбалерите за да прикаже како би изгледале кога ќе остарат.

Тој изработил најразлични портрети од познати ѕвезди. За сликите да изгледаат што е можно пореални, Јесилтас вклучил различни програми за уредување фотографии како што се Adobe Lightroom и VSCO, како и софтвер за подобрување на фотографиите со вештачка интелигенција.

 

Scroll to Top