Францускиот актер Гаспар Улиел загина во несреќа при скијање

Во скијачка несреќа на Алпите загина францускиот актер Гаспар Улиел (37), познат по улогата на полноќниот човек во долгоочекуваната серија „Мун Најт“ на „Марвел“. објави новинската агенција АФП. Тој во вторникот скијал без кацига на одморалиштето Розиер на Алпите, по што се забил во друг скијач на раскрсницата на две сини патеки. Актерот се здобил со сериозна повреда на мозокот, по што со хеликоптер бил хоспитализиран во Гренобл. Еден час подоцна, актерот им подлегнал на повредите. И неговото семејство ја потврди трагичната вест.

Локалните власти отворија истрага за несреќата, наведува АФП.

Улиел беше еден од најпознатите француски актери. Тој работеше со познати филмски творци како во Франција, така и во странство. Беше многу почитуван и познат по тоа што беше многу артикулиран, елегантен и друштвен. За време на неговата успешна кариера, освои голем број награди, меѓу кои две награди Цезар, во 2005 година со „Многу долг ангажман“ и во 2017 година со „Тоа е само крај на светот“.

Стана познат со улогата на младиот Ханибал Лектор во филмот „Ханибал Рајзинг“ од 2007 година, а го играше и модниот магнат Ив Сен Лоран во биографскиот филм „Сен Лоран“ од 2014 година.

Тој исто така се занимаваше и со моделениг. Беше заштитно лице на парфемот „Bleu de Chanel“  на модната марка „Шанел“.

Улиел зад себе ги остави својот шестгодишен син Орсо и својата девојка Гаела Петри.

 

Scroll to Top