Режисерот Френсис Форд Копола е хоспитализиран во Италија.
Според извештаите, режисерот бил примен во болница во Рим утрово за планирана операција на срце, но по пристигнувањето наводно доживеал блага срцева аритмија, поради што бил ставен на набљудување пред операцијата.
Режисерот на „Кум“, кој има 86 години, бил во земјата за фестивалот Магна Греција во Калабрија, каде што го претстави својот контроверзен филм „Мегалополис“, во кој глумат Адам Драјвер, Обри Плаза, Шаја Лабаф и Џанкарло Еспозито, пишува „Мирор“.
За време на фестивалот, тој и рече на публиката: „Младите ми велат дека светот е во хаос, но јас им одговарам дека нема проблем што човештвото не може да го реши. Мораме да изградиме нова голема иднина и да го направиме тоа заедно – заради нашите деца. И вечерва, правиме чекор во иднината.“
Легендарниот режисер има блиски врски со Италија, бидејќи неговиот дедо Агостино емигрирал од Берналда на почетокот на 1900-тите. Во 1989 година, Франсис станал почесен граѓанин на градот, каде што често престојува.
Според ANSA, тој го поминал поголемиот дел од летото во Италија барајќи локации за нов филм, чие снимање треба да започне на есен.
Порано овој месец, Копола учествуваше на настан во Сан Франциско, каде што одржа прашања и одговори со публиката по проекцијата на „Мегалополис“.
Тимот на Френсис Форд Копола сè уште не одговори на барањето за коментар откако беше контактиран од „Мирор“.