Фронтменот на „Ред хот чили пеперс“ исфрлен од натпревар на Лејкерс

Фронтменот на рок-бендот „Ред хот чили пеперс“, Ентони Кидис, кој е страстен навивач на Л.А. Лејкерс, беше исфрлен од салата на натпреварот меѓу „Лејкерс“ и Хјустон Рокетс откако влегол во теренот и почнал вербален конфликт со гостинските играчи.
Најпрво дојде до тепачка на теренот меѓу кошаркарите на „Лејкерс“ и „Рокетс“, при што Крис Пол од гостинскиот тим и домашните играчи Раџон Ронд и Брендон Инграм беа исклучени од игра.
Додека Пол го напушташе теренот, Кидис стана од своето место во публиката, влезе на терен и почна да го навредува кошаркарот, а на крај на гостите од Тексас им покажа среден прст.
Обезбедувањето веднаш реагираше и го исфрли од салата.
Кидис го гледаше натпреварот со колегата од бендот, басистот Фли, кој остана да гледа до крај. „Лејкерси“ изгубија од „Рокетси“.

Scroll to Top