Израелската актерка Гал Гадот заради улогата на Дијана во филмот Wonder Woman стана најплатената актерка во 2017 година, а заработи околу 820 милиони долари. Информацијата ја објави магазинот „Форбс“, кој направи листа и на најплатените актери, музичари, политичари, бизнисмени…
Филмот Wonder Woman од продажба на влезници заработи 1,4 милијарди долари, за Гадот освен хонорарот за филмот, заработи процент и од продажбата на влезници, од рекламни договори и кампањи. Таа минатата година имаше една од главните улоги во Justice League, а наскоро ќе почне да го снима второто продолжение на Wonder Woman.