Израелската глумица Гал Гадот, која се подготвува за улогата на Клеопатра, вели дека толку многу сака да раѓа, што тоа би го правела еднаш неделно. Гадот има три ќерки, Алма (10), Маја (4) и Даниела (6 месеци), а во брак е со Јарон Варсан.
„Сакам да раѓам. Би го правела тоа еднаш неделно ако можам. Толку е магично“, рекла Гал во интервју за „ИнСтајл“, но признала дека трите пати се породила со епидурална инјекција.
„Во моментот кога ќе почувствувате дека создавате живот, тоа е неверојатно. Тоа ја надминува секоја болка“, рекла таа.
Иако сака да раѓа деца, Гал признала дека не сака да е бремена. Таа се чувствувала лошо во текот на сите три бремености.
„Бременоста ми е тешка, ми се гади и имам мигрена. Не сум во мојот елемент“, открила таа.
Гадот верува дека ускладувањето на мајчинството со нејзината кариера е најмоќното нешто што некогаш го направила. Таа беше во петтиот месец од бременоста со Маја додека го снимаше „Вондер вуман“.
„Кога си на снимање, си како змеј. Можеш да леташ многу високо во кариерата. Но, потоа доаѓаш дома за да ја извршиш твојата главна улога како мајка. Тогаш не се фокусирам на мене, туку почнувам да планирам: ‘Во ред, сега треба да ја избањам Маја, да ја нахранам Алма, да ја ставам Даниела во кревет.’ Тоа е она што го работам: жонглирање помеѓу мојот семеен живот и мојата актерска кариера“, додала таа.