(Галерија) Адел зад сцената со „Спајс Грлс“ на концертот на „Вембли“

Светската пејачка Адел го проследи големиот концерт кој го направи британската музичка група „Спајс Грлс“ на стадионот „Вембли“ во Лондон. Музучката ѕвезда е голем фан на популарните спајсици од деведесетите години и вели дека тие и биле инспирација во животот да се занимава со музиката и пеењето.

На социјалните мрежи девојките од „Спајс Грлс“ и Адел си разменија пораки на благодарност и меѓусебната поддршка и љубов.

„Не е тајна колку ги сакам и колку ме инспирираа да трчам низ животот напред и никогаш да не гледам наназад“, изјави Адел, која им се приклучи на славните „спајсици“ зад сцената на концертот во „Вембли“.

Адел вели дека не е тајна дека е голема обожавателка на своите колешки.

„Последен пат ги видов „Спајс Грлс“ на Вембли пред 21 година. Вечерва со најмилите плачев, се смеев, танцував се заљубив во десетгодишната во мене. Конечно ја запознав Џинџер, се напив со девојките и не можев да верувам колку далеку стигнав. Фала ви за ова лудило кое го живеам. Не би можела без вас петте британски легенди. Ве сакам“, напишала Адел на фотографијата на која таа со девојките го слави крајот на повратничката турнеја.

И пејачките од „Спајс Грлс“, споделија неколку фотографии и се заблагодарија што им ја овозможиле оваа турнеја.

„Вембли, каков неверојатен крај. Ви се заблагодаруваме на сите кои ни го овозможивте ова и се разбира на сите кои пеевте со нас“, напишале девојките.

„Спајс Грлс“ ги распродадоа билетите за концертот на „Вембли“ три дена по ред. Имаа уште десетина концерти во Ирска, Англија и Шкотска. Пејачките најавија можност да направат концерти и во Австрлаија. Исто така филмското студио Paramount сака да направи анимиран филм за славниот бенд со новите песни, а пејачките веќе снимија филм во 1997 година.

 

Scroll to Top