(Галерија) Алесандра Амброзио заминува во пензија

Бразилската манекенка Алесандра Амброзио преку својот инстаграм-профил соопшти дека веќе нема да биде дел семејството на „Викторијас сикрет“.

Нејзината соработка со луксузниот бренд за долна облека траеше 17 години. Годинава, на ревијата што брендот првпат ја одржа во Кина, Аброзио повторно воодушеви, па и никој не претпоставуваше дека тоа ќе биде нејзиниот последен настап.

„Немам зборови да опишам колку сум благодарна што работев за овој неверојатен бренд што ме инспирира мене и многу жени ширум светот. Ни во моите најлуди соништа не можев да замислам дека ќе одработам 17 модни ревии за ‘Викторијас сикрет’“, напиша таа.

Алесандра годинава наполни 36 години и планира да се посвети на семејството и на својата успешна линија костими за капење Ale by Alessandra.

Scroll to Top