(Галерија) Ана Винтур ги избра најубаво облечените жени за 2019 година

Уредничката на „Вог“, Ана Винтур, откри кои се најубаво облечените жени во 2019 година. На нејзината листа се најдоа пет дами и тоа Меган Маркл, Ријана, Наоми Кемпбел, Зои Кравиц и Лејди Гага.

Винтур ја опиша Меган Маркл како најмодерната личност во кралското семејство. „На дамите ширум светот навистина им се допаѓа нејзиниот класичен и елегантен стил“ – вели таа.

„Стилот на Наоми Кемпбел секоја година станува сè подобар, а оваа година таа дефинитивно заблеска во полн сјај“ – рекла Винтур.

Ријана често е на листата најдобро облечени жени, а уредничката на „Вог“ за неа вели дека изградила сопствен, впечатлив стил кој на многумина им се допаѓа. „Ријана е пример за беспрекорно облечена жена“, вели таа.

„Пејачката која некогаш умееше да нè шокира со своите изданија, Лејди Гага, оваа година е на листата најдобро облечени. Нејзиниот стил доживеа вистинска еволуција во последните неколку години“, рекла Ана Винтур.

Зои Кравиц е на петтото место заради нејзините необични модни избори.

Scroll to Top