(Галерија) Холивуд на кралската свадба

Принцот Хари и Меган Маркл денеска ќе се венчаат во капелата во дворецот во Виндзор, а церемонијата директно од местото ќе ја следат 600 лица, а преку телевизија целиот свет.

Венчавката веќе е почната

Во Виндзор пристигнаа гостите, меѓу кои Опра Винфри, пејачот Џејмс Блант и актерот Идрис Елба.

Тука се и Викторија и Дејвид Бекам, Елтон Џон со партнерот Дејвид Фурниш, како и Амал и Џорџ Клуни. Таму е и Серена Вилијамс.

Вчера беа завршени последните подготовки, а пробата со возењето со кочија предизвика внимание на стотици луѓе. Кралската двојка помина во автомобил во придружба на полицијата.

Безбедносните мерки се  засилени околу дворецот Виндзор.

Полицијата постави барикади за да ги спречи напаѓачите со возила како што беше случајот кога минатата година возило влета во група луѓе кај Вестминстерскиот мост.

Патролите имаат придружба и од кучиња трагачи.

Од набљудувачите се бара да не фрлаат конфети додека поминува кочијата, со образложение дека тоа претставува потенцијален ризик, а и тешко е за чистење.

 

Најголемо медиумско внимание последните денови предизвика веста кој ќе ја испрати Меган до олтарот.

Кралското семејство соопшти дека таткото на младоженецот, британскиот престолонаследник принцот Чарлс ќе ја испрати Меган до олтарот препуштајќи му ја на принцот Хари.

Имено, Меган била таа која го замолила идниот свекор да ја придружува на нејзиниот пат до олтарот на капелата Сент Џорџ, откако нејзиниот татко мораше да се повлече поради здравствени проблеми.

 

– На принцот од Велс ќе му биде чест на овој начин да и посака добредојде на Меган Маркл во кралското семејство, соопшти Кенсингтонската палата.

Британската принцеза Елизабета Втора минатата недела официјално даде свој „благослов”.

Во меѓувреме, во Лондон пристигна мајката на Меган, Дорија Регланд, која вчера првпат се сретна со кралицата Елизабета во дворецот Виндзор во друштво на својата ќерка и идниот зет. Претходно се сретна и со принцовите Чарлс и Вилијам.

Scroll to Top