(Галерија) Бела Торн позира во разголен фустан на црвениот тепих на премиерата на „Морбиус“

Поранешната ѕвезда на „Дизни“, глумицата Бела Торн, ги збуни фановите со нејзиниот фустан со кој се појави на црвениот тепих на премиерата на новиот филм „Морбиус“. Таа се појави во фустан кој создавал оптичка илузија, па многумина помислија дека на премиерата дошла гола.

Таа позираше покрај фотографите во црвен фустан кој бил направен од многу тесен материјал и кој бил дизајниран така што во очите на оние кои ја гледаат создава слика на гола жена. Деловите од телото јасно се гледаат на фустанот и одлично им прилегаат на фигурата.

Премиерата се одржа во Лос Анџелес, а глумицата стигна во придружба на нејзината сестра Дани Торн. За потсетување, таа е позната по тоа што сака да позира гола. Нејзините фанови на „Инстаграм“ често можат да ги видат нејзините голи фотографии.

Scroll to Top