(Галерија) Бен Афлек и Џенифер Лопез сакаат да купат заедничка вила од 68 милиони долари

Американскиот актер Бен Афлек и пејачката Џенифер Лопез сакаат да купат нова заедничка вила во Лос Анџелес вредна 64 милиони долари. Медиумите објавија фотографии од домот што се наоѓа во елитниот дел на градот во Беверли Парк.

Во вилата има огромна куглана, играчница со билјард, кино, целосно опремена вежбалница, вински подрум, базен, библиотека, спа-центар, медицинска соба, фризерски салон, лифт и друго. Куќата има осум спални соби и 12 бањи. Надвор има висока капија со обезбедување.

Пред неа се наоѓа базен, простран двор со тревник, паркинг и одвоен влез за персоналот. Вилата има 2.879 метри квадрати и е изградена на 1,4 хектари земјиште.

 

Scroll to Top