(Галерија) Бред и Џенифер не сакаа да се одделат на SAG наградите

Бред Пит и Џенифер Анистон вчера беа на доделувањето на Screen Actors Guild наградите во Лос Анџелес. Пит доби награда за споредна машка улога за филмот Once Upon a Time in Hollywood и додека држеше говор, Џенифер „го слушаше внимателно и делуваше дека е горда на него“, пишуваат медиумите.

Анистон, пак, ја доби SAG наградата за најдобра женска улога во драмската серија The Morning Show. Кога Анистон ја прими наградата Бред не го тргаше погледот од неа, пишуваат светските медиуми.

Поранешните сопружници потоа се сретнаа на црвениот тепих, а фотографите го сликаа моменот кога се поздравуваа, но и додека Бред ѝ ја држеше раката на Џенифер. „Ниту Анистон не сакаше да се оддели од него“, пишуваат медиумите.

И видеото на кое Бред го гледа говорот на Џенифер се споделува на социјалните мрежи. Обожавателите веќе коментираат дека поранешната холивудска двојка планира повторно да биде заедно.

„Начинот на кој Бред ја гледа Џенифер…. Па мислам дека повторно се заедно. Конечно се случи и тоа. Ни го дадоа она што долго време го чекавме“, се некои од коментарите на „Твитер“.

Scroll to Top