(Галерија) Бред Пит носеше храна за сиромашните семејства во Лос Анџелес

Холивудскиот глумец Бред Пит вчера носел кутии со храна за сиромашните семејства во Лос Анџелес. Глумецот со часови возел камион низ градот, утоварал и истоварал кутии со храна, додека луѓето чекале во ред да земат хуманитарна помош, пишуваат американските медиуми.

Сепак, повеќето од нив воопшто не го препознале актерот, кој носел маска и очила за сонце. Дури откако застанал на пауза за кафе и цигара, па ја извадил маската, тие дознале дека Пит е тој што им ја носи храната.

За да биде целото чекање во ред забавно, во еден момент, Бред од камионот извадил преносен звучник, го поврзал со неговиот мобилен телефон и им пуштил музика на насобраните.

Scroll to Top