(Галерија) Деми Ловато ќе се мажи по пет месеци врска

Пејачката Деми Ловато се сврши со глумецот Макс Ерик по петмесечна врска. Таа објави слики од романтичното барање на нејзината рака на плажа и го покажа дијамантскиот прстен.

„Кога бев мала, татко ми отсекогаш ме нарекуваше негов мал партнер – нешто што можеби ќе звучеше чудно без неговиот јужен каубојски акцент. За мене, тоа имаше совршена смисла. И, денес, тој збор повторно има совршена смисла, но овој пат официјално ќе бидам партнер на некој друг“.

„Макс, знаев дека те сакам од моментот кога те запознав. Тоа беше нешто што не можам да им го опишам на оние личности шот го немаат искусено лично. Никогаш не сум се чувствувала толку безусловно сакана од некој друг во животот (освен од моите родители). И ти правиш да сакам да бидам најдобрата верзија од себеси. Чест ми е што ја прифаќам твојата понуда за брак. Те сакам повеќе отколку што може да се искаже во еден опис, но возбудена сум што ќе основам семејство и живот со тебе. Ќе те сакам засекогаш“, напиша 27-годишната Ловато.

Глумицата последните неколку години беше сама и честопати одеше на лекување од депресија и алкохол. Претходно, таа речиси 10 години беше во врска со глумецот Вилмер Валдерама.

Scroll to Top