(Галерија) Џастин Бибер го покажа домот во Канада

Светската ѕвезда Џастин Бибер и неговата свршеница, манекенката Хејли Болдвин, ќе живеат во Канада, во вила покрај езерото Онтарио. Пејачот платил 5 милиони долари за големата куќа што се простира на 900 метри квадратни. Според американските медиуми, за уредувањето е задолжена Хејли. Џастин ги ангажирал најпознатите дизајнери на ентериери во Канада да ѝ помогнат во уредувањето на нивниот нов дом.

Џастин и Хејли се верија во јули по неколкумесечна врска. Тие се познаваат од деца. Пред многу години веќе беа во врска, но ја раскинаа по само неколку месеци.

Scroll to Top