(Галерија) Џенифер Лопез за „Вог“ ја покажа луксузната вила во Лос Анџелес во која живее со Бен Афлек и децата

Пејачката Џенифер Лопез на новинарите на магазинот „Вог“ им го покажа луксузниот дом во Лос Анџелес, во кој живее со сопругот Бен Афлек и нејзините деца. Зборуваше и за нејзиниот приватен живот.

На прашањето на новинарите, која е разликата меѓу животот во Лос Анџелес и нејзиниот роден крај Бронкс во Њујорк, таа им одговори поголемиот плакар, а потоа им ја покажа куќата.

На влезот се гледа огромното предсобје со скап клавир и големат маса со бројни украсни детали, меѓу кои и фотографија со Афлек од нивната венчавка.

Во просторот доминираат црно-белата боја, а мотивот се повторува и на подовите, кои се покриени со мермер. По предсобјето, пејачката им ја покажа кујната. Просторот е огромен, а на средина има две големи кујнски маси, украсени со орхидеи.

По големата трпезариска маса, преку двекрилните врати им го покажа и дворот во вилата. Во надворешниот дел се гледа пространиот трем, заштитен од дожд и сонце, преку кој се доаѓа до огромен базен, а во позадина се гледаат и голем број објекти.

Пејачката рече дека е горда на тоа што не мора да го напушта домот за да се посвети на работата, затоа што во рамки на куќата има и нејзино музичко студио.

За потсетување, Лопез и Афлек се венчаа на 16 јули годинава. Венчавката ја направија во рамки на семејството и најблиските: Бен во таа прилика имаше и емотивен говор, напишан на 12 страни.

 

 

Scroll to Top