(Галерија) Џиџи Хадид го покажа својот дом, твитерџиите ја мајтапат дека немала вкус

Џиџи Хадид на Инстаграм сподели фотографии од нејзиниот дом со чие уредување се занимавала цела година и предизвика поделени реакции кај нејзините следбеници. 25-годишната манекенка го дизајнирала интериерот на нејзиниот луксузен дом во Њујорк.

Поради необичните детали, како што е садот со топки за билијард, ѕидот прекриен со списанија, огромното пенкало, многумина нејзиниот дом го нарекоа грд.

„Возбудена сум поради времето што ќе го поминам уживајќи во сите посебни катчиња кои се направени со помош на некои од моите омилени креативци кои ги прифатија моите идеи и не ме нарекоа луда“, напиша Џиџи.

„Станот на Џиџи Хадид е толку грд. Богатите немаат вкус“, пишуват на Твитер.

Scroll to Top