(Галерија) Џиџи Хадид пак се смири со Зејн Малик

By

Светската манекенка Џиџи Хадид пак се смири со нејзиниот поранешен дечко, пејачот Зејн Малик. 24-годишниот модел и 27-годишниот пејач синоќа беа сликани заедно додека го прославуваа неговиот роденден во Њујорк.

Според „Е! Њуз“ Џиџи и Зејн решиле да си дадат уште една шанса и дека тоа се случило пред празниците.

„Џиџи и Зејн се заедно од декември. Зејн ја побара Џиџи минатиот месец и таа одлучи да се смири со него“, рекол изворот.

Двојката почна врска на крајот од 2015 година, а се разделија во март 2018 година. Џиџи и Зејн ја обновија врската во јуни истата година, но повторно се разделија во јануари 2019 година.

Ќе ви се допадне