Емили Ратајковски ја претстави новата колекција долна облека со нејзин потпис. Една од најсексапилните жени на светот објави видео во кое е во проѕирен сет долна облека. Снимката беше погледана повеќе од три милиони пати за само два часа. Емили самата ги рекламира своите производи, како и последната колекција која што излез во продажба, а на социјалните мрежи објави неколку фотографии од новите парчиња на долна облека.
„Нов изглед, нова долна облека“, напишала популарната манекенка покрај објавената фотографија.
Инаку, манекенката својата слава ја стекна откако се појави во видеото на Робин Тика за песната “Blurred Lines”, по што стана една од најбараните имиња во светот на модата.