Пејачот Енрике Иглесијас и поранешната тенисерка Ана Курникова ја објавија првата фотографија од нивното трето дете. Двојката го држеше во тајност породувањето до самиот крај.
„Моето сонце“, кратко напишале Енрике и Ана, на фотографијата од бебето која ја споделија на „Инстаграм“. Енрике на својот профил објави фотографија на која ја држи ќерка му во прегратка, а Ана објави две фотографии.
Прв кој потврди дека Курникова се породила е братот на Енрике, Јулио, кој за време на гостувањето во една радиоемисија кажа дека станал чичко по третпат.
Ова не е првпат Енрике и Ана да ја држат бременоста во тајност. Тие го криеја и породувањето на близнаците Луси и Николас.