(Галерија) Ева Херцигова се разголе на 45 години

Чешката манекенка Ева Херцигова и на 45 години не се откажува од моделството. Таа неодамна сними фотосесија за долна облека на познат светски бренд, за нивните празнични модели. Ева позира во секси градници, високи чорапи и ноќници во црвена и црна боја. Посебен акцент е ставен на корсетите и на чипканите додатоци.

Херцигова беше една од најбараните модели во 1990-те години. Таа сними фотосесии за некои од најпознатите светски брендови, а носеше и модели од најбараните светски дизајнери на нивните модни ревии.

Scroll to Top