(Галерија) Фудбалската елита на свадбата на Фабрегас

Фудбалерот на „Челзи“ Сеск Фабрегас направи гламурозна свадба во приватната вила на Ибица. Тој и неговата 12-години постара сопруга Даниела Семан се венчаа во мај, но свадбата ја направија завчера. На свадбата на Фабрегас дојде целата фудбалска елита, Лионел Меси, Тјери Анри и Џон Тери, Рос Баркли, Итан Ампаду, Маркос Алонсо, Луис Суарез, Серхио Бускетс, Жорди Алба, Н’Голо Канте, Карлес Пујол и Јенс Леман.

31-годишниот Фабрегас и 43-годишната Семан беа придружувани од четири од своите пет деца, Леонарда, Лиа, Капри и Џозеф, а најстарата ќерка Марија не беше присутна на свадбата. Двојката е во врска од 2011 година.

 

Scroll to Top