Сопругата на британскиот принц Хари, Американката Меган Маркл, со секое следно појавување во јавноста покажува дека знае како да се носи со кралската улога. Поранешната актерка својот беспрекорен моден стил го преточува во кралска елеганција, а сепак е современа и актуелна.
Холивудскиот гламур е присутен, но во форма достојна за претставничка на британското кралско семејство. Меган блесна во три комбинации за време на официјалната посета на Ирска како кралска двојка заедно со принцот Хари.
„Живанши“, „Аквазура“ и „Биркс“ беа дел од брендовите што стилскиот тим на Меган ги избра за ова патување.