(Галерија) Илон Маск на одмор во Миконос со мистериозна девојка

Американскиот милијадер Илон Маск бил виден на островот Миконос во Грција. Друштво му правеше девојка за која многумина се посомневаа дека му е новата партнерка.

„Дејли мејл“ пренесе дека тоа е модната креаторка Сара Штаундингер, сопруга на Ариј Емануел, извршниот директор на една од најзначајните холивудски агенции за таленти Endevour.

Пред да пловат со чамец, тие ручаа во познат грчки ресторан. За потсетување, сопственикот на „Тесла“, неодамна раскина со девојката Наташа Басет. Многумина се изненадија кога дознаа дека Маск е татко и на близнаци, кои ги доби минатиот ноември со неговата деловна партнерка и директорка во компанијата Neuralink, Шивон Зилис.

Илон Маск има вкупно десет деца од три врски. Неговото прво дете почина по 10 недели од синдромот ненадејна смрт кај новороденчиња.

Scroll to Top