(Галерија) Италијански плејбој модел, заради Лингард, навива за Англија

Италијанскиот плејбој модел Лора Брагато, која жвее во Милано, вели дека станала многу блиска со англискиот фудбалски репрезентативец Џеси Лингард. Таа вели дека можеби ќе ги разочара италијанските фанови, но ако некогаш играат Италија и Англија, таа ќе навива за Лингард да постигне гол.

„Се слушам со Џеси. Не му е лесно. И тој е исто како и јас во карантин. Се надевам дека што побрзо ќе заврши пандемијата. Тој е одличен во својата работа. Јас се разбира навивам за Италија, но ако веќе дојде да игра со Англија, ќе навивам за Џеси да даде гол“, вели Лора.

Лора вели дека им носи среќа на Италијаните. Таа е студентка по право, а живее во Милано, но вели дека често патува како и сите студенти и дека е многу популарна на „Инстаграм“.

 

Лора вели дека своите вообичаени патувања низ Медитеранот, во Кина, Дубаи и Карибите сега ги замени со строг карантин, а времето го поминува и во долги разговори со ѕвездата на Манчестер Јунајтед.

Двајцата се запознале летото во 2018 година преку мејл, за време на Светското фудбалско првенство. Додека Англичаните успеаа да стигнат да се борат за третото место, Италијаните не успеаа ниту да се пласираат.

Scroll to Top