Принцот Хари избра совршена дестинација за летувањето со актерката Меган Маркл – Африка. Тој ја одведе својата девојка во кампот „Мено а Кена“ во Боцвана каде што ноќевањето чини само 650 фунти за вечер. Првиот ден од нивното летување се поклопи со 36. роденден на актерката, а нејзините пријатели за медиумите изјавија дека тоа бил и најромантичниот роденден што некогаш го прославила.
Одморалиштето е сместено во природен хабитат, а луксузниот шатор во кој престојувала заљубената двојка има поглед на реката Ботети, каде што секоја вечер се собираат слонови и зебри. Иако станува збор за шатор, ентериерот е скап, со рачно изработени парчиња мебел.
Иако не е потврдено, се шушка дека токму тука Хари ја побарал Меган за жена, но дека поради кралскиот протокол, засега не смеат да ја објават свршувачката.