(Галерија) Кери Бредшо промовира нова колекција чевли

Светската ѕвезда Сара Џесика Паркер, најпозната како Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“, ја промовира својата нова колекција чевли. Колекцијата е за сезоната пролет 2020 гподина. „Сега сите можат да носат чевли како Кери“, е слоганот на оваа колекција.

Познатата глумица објави неколку слики и видеа од новите модели, што се во продажба од пред неколку дена. Интересно е тоа што некои од чевлите се намерно направени во различна боја – десната розова, а левата чевла е зелена. Инаку, чевлите на глумицата се продаваат и онлајн и во неколку познати продавници во Америка, а чинат 385 долари.

 

Scroll to Top