Норт Вест, најстарата ќерка на Ким Кардашјан, која ја има со раперот Канје Вест, наполни девет години. Ким за нејзиниот роденден се погрижила и ѝ организирала нетипична роденденска забава.
Таа организира тематски роденден со луксузно роденденско кампување со наслов „Камп Норт“. Кампувањето вклучуваше приватен авион за да ги однесе Норт и нејзините другарки на планина, а во текот на денот имале разни активности, како планинарење, водни спортови и зип–лајнинг, а навечер спиеле во кревети што биле дизајнирани да изгледаат како индивидуални шатори.
Ким Кардашјан со својот бивши сопруг Канје Вест има четири деца – 9-годишната Норт, 6-годишниот Сеинт, 4-годишната Чикаго и 3-годишниот Псалм.
[/video]