(Галерија) Лејди Гага со шлиц до колк ја засени Селма Хајек на премиерата на „Гучи“

Пејачката Лејди Гага беше ѕвезда на премиерата на филмот „Куќата на Гучи“, што се одржа вчеравечер во Лондон. Таа носеше виолетов фустан од модниот бренд „Гучи“, со долги ракави и шлиц до колкот. Изгледот го дополни со накит од „Тифани“. Пејачката, која ја има главната улога во филмот, на црвениот тепих ја засени Селма Хајек, која носеше златен фустан.

Освен Гага и Хаек, на премиерата на филмот во Лондон дојдоа Адам Драјвер, Џереми Ајронс и Џаред Лето.

Филмот е во режија на Ридли Скот, а во некои од помалите улоги се појавуваат и Роберт де Ниро и Ал Пачино. Дејството на филмот е сместено во деведесеттите кога е убиен и последниот Гучи, кој се наоѓал на чело на познатата модна куќа.

Scroll to Top