Поп-кралицата Мадона вчера со патерици дојде на протестите против расизмот што се одржаа во Лондон. Со неа беше и нејзиниот посвоен син, Дејвид (14) кој е од афроамериканско потекло. На протестите во Лондон, на кои се бараше правда за Афроамериканецот Џорџ Флојд, како и за сите жртви на полициската бруталност, се собраа илјадници луѓе. Тие маршираа од центарот на градот, до Даунининг стрит 10, односно резиденцијата на премиерот на Британија, Борис Џонсон.
Демонстрантите беа изненадени кога музичката ѕвезда се појави за да ги поддржи протестите, па многумина од нив го искористија моментот да се сликаат со неа. Мадона ги воодушеви и со тоа што се обрати на протестот Black Lives Matter.
Инаку, поп-ѕвездата веќе подолго време оди со патеруци. Таа има повреда на коленото, па затоа беше принудена да откаже неколку концерти од турнејата „Мадам Х“.
За потсетување, протести освен во Британија се одржаа во целиот свет, а започнаа минатата недела откако Флојд беше убиен од полициски службеник во Минеаполис, Минесота.