(Галерија) Макрон е фан на Џастин Бибер: Пејачот на гости кај францускиот претседател

Францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата ги пречека Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли. Макрон не крие дека е фан на канадскиот пејач и објави неколку слики од средбата во Париз, а фотка објави и Џастин.

Светските модни критичари го пофалија стајлингот на славниот пар и пишуваат дека музичарот и неговата жена изгледале модерно и со стил, а дека Брижит Макрон, како и секогаш, била елегантна и шик. За оваа пригода, Хејли носеше креација со преклоп кај градите од ЛаКван Смит, а Брижит избра бел фустан со долго палто.

Scroll to Top