(Галерија) На 93 години кралицата Елизабета сè уште јава коњи

Кралица Елизабета Втора била фотографирана во дворот пред дворецот Виндзор како јава на коњ. Британските медиуми ги објавија сликите и открија дека таа јавала коњ околу еден час, а друштво ѝ правел Тери Пендри, главниот кралски коњушар. „На 93 години, кралицата е во одлична форма“, пишуваат тие.

Не е тајна дека британската кралица отсекогаш го сакала јавањето коњи. Оваа нејзина љубов ја наследила принцезата Шарлот, која неодамна побарала пони за Божик.

Scroll to Top