(Галерија) Не поминувала покрај бездомник, без да му даде храна и пари, Анџелина Џоли и како тинејџерка била голема хуманитарка

By
Близок пријател на Анџелина Џоли за „Дејли мејл“ открива дека холивудската глумица била голема хуманитарка и уште пред да стане позната. Таа во своите тинејџерски години била поприлично дива, пиела многу алкохол и пушела трева.
Од друга страна, тој вели дека Џоли била исклучително емпатична, но и дарежлива, често им позајмувала пари на пријателите, но и на луѓе што не ги познавала, особено на бездомниците.
„Таа беше прекрасна личност и нашето пријателство беше совршено. Луѓето не сФаќаа дека таа отсекогаш беше голема хуманитарка, луда и откачена, но хуманитарка. Бидејќи потекнуваше од помоќно семејство, за разлика од нас, таа секогаш се обидуваше да сподели со мене и другите пријатели и не можеше да помине покрај бездомник, без да му понуди храна или пари. Тоа беше кога имаше 14 години и не чуди што денес е толку гласна во помошта на бегалците во целиот свет“, открива изворот.
Тој на „Дејли мејл“ им доверил фотографии од Џоли кога таа била тинејџерка. Покрај фотографиите, тој сакал да ги сподели со јавноста и писмата и разгледниците што таа ги пишувала како дете. Тој вели дека тие даваат сосема нова слика за славната глумица, нејзиното растење и животот воопшто. Тој ги споделил со медиумот под услов да остане анонимен.
На фотографиите, тогаш 14-годишната Џоли, е снимена како јаде пица, спие во кревет, па дури и позира пред гробиштата со своите пријатели. Во писмата таа на своите пријатели им пишувала за своите главоболки од алкохолот, за мажите што ја привлекувале, но и за дисфункционалното семејство и нивниот однос во текот на тинејџерските години.
Изворот исто така проговори и за односот со мајка ѝ Маршелин Бертран, која починала на 56-годишна возраст од рак на дојката. Таа наводно на Џоли ѝ наредила од 15. година да зема контрацепциски таблети, нешто што на Анџелина никако не ѝ се допаднало.
„Многу ја нервираше тоа што мајка ѝ и даваше контрацепциски таблети. Ја нервираше и тоа што му забрануваше на нејзиното момче да спие со неа во нејзината соба. Џоли ќе се побунеше и немаше да ја послуша. Не сакаше да спие со родителите, а таблетите ќе ги фрлеше во тоалет“, открива изворот.
 

Ќе ви се допадне