(Галерија) Објавени нови слики од Мерилин Монро, фотографирани три недели пред смртта на глумицата

На интернет се појави серија фотографии од Мерилин Монро, една од најпопуларните глумици на сите времиња. Сликите кои досега не се објавени, се направени три недели смрт на 13 јули 1962 година на плажата во Санта Моника во Калифорнија. Сликите од славната актерка ги направил нејзиниот пријател Џорџ Барис. Тие требале да бидат објавени во книга за животот на Монро, но заради нејзината смрт, книгата никогаш не е издадена.

Популарната актерка почина на 5 август 1962 година, на 36 години, како резултат од труење со лекови. Иако оттогаш поминаа повеќе од 50 години, многумина веруваат дека таа не се отрула, туку дека е убиена.

Scroll to Top