(Галерија) Огромна статуа од Џеф Голдблум поставена среде Лондон

By

По повод 25-годишнината од премиерата на првиот филм „Паркот Јура“, во Потерс Филд во Лондон, вчера беше поставена огромна статуа со ликот на актерот Џеф Голдблум, кој го глуми д-р Јан Малком, главниот лик во филмот. Статуата ја покажува позната поза во која Голдблум со раскопчана кошула седи по нападот на диносаурусите.

Авторите ја поставувале статуата шест дена. Висока е 3 метри, долга 7 метри, а тежи 150 килограми. Како што јавуваат британските медиуми, таа веднаш станала туристичка атракција, а луѓе доаѓаат да се сликаат со неа.

 

Ќе ви се допадне

WCOStream wcostream: Watch Tokyo Ghoul Episode 8

AniWatch aniwatch.me: High-Rise Invasion (https://aniwatch.pro/m/zlBK) Episode 12