(Галерија) По 40 години се собраа актерите на „Брилијантин“

Изминаа точно 40 години од премиерното прикажување на култниот  филм „Брилијантин“. Филмската екипа од еден од најромантичните филмови на сите времиња се обедини повторно за да го одбележи овој специјален ден.

Главните актери Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон, кои ги глумеа Дени и Сенди, прегрнати позираа на настанот кој се одржа во Беверли Хилс.

64-годишниот актер и 69-годишната актерка се потсетуваа на танцувачките движења од кореографијата за култниот филм.

На свеченоста присуствуваа и Диди Кон и Бери Прл, кои влегоа во улогите на Френчи и Доди.Брилијантин“ за првпат беше прикажан на големото платно на 16 јуни 1978 година.

Scroll to Top